Услови на користење

Почитувани Потрошувачи,

Пред да започнете со користењето на нашите услуги, би сакале да Ве известиме за Вашите права и обврски како потрошувач при користењето на нашите услуги. Со таа цел, сакаме да Ве замолиме убаво да ги прочитате овде истакнатите Услови на користење.

Користењето на нашата страница и услуги на веб продажба на Природен Камен – Македонија , значи дека сте запознaени со нашите Услови на користење и дека во целост ги прифаќате истите. Доколку пак нашите Услови за користење се неприфатливи за Вас, тогаш не ја користете оваа веб страница, како и услугите понудени на истата.

1. Политика за Приватност

Со цел да се овозможи користење на услугата за веб продажба на Природен Камен – Македонија , која е детално опишана во делот насловен: “Начин на испорака”, потребно е Природен Камен – Македонија да прибира и да обработува одредени Ваши лични податоци. Конкретно, потребни ни се Вашето име и презиме, адреса на живеење и e-mail адреса, телефонски број. Овие информации ги давате во моментот на Вашата регистрација на нашата веб-страна и во моментот на нарачување на производот. Во тој момент Вие истовремено се согласувате да ги дадете Вашите лични податоци, за тие да бидат обработувани од страна на Природен Камен – Македонија, за наведената цел.

Вашите лични податоци ќе се користат со цел да можеме навремено и точно да ја испорачаме Вашата нарачка. Дополнително, Вашите лични податоци ќе се користат за да Ве информираме за Вашите нарачки.
Користењето на нашата веб продажба не е возможно без Вашите лични податоци, а Вашата регистрација претставува согласност, Природен Камен – Македонија да ги собира и обработува Вашите лични податоци за целите и на начинот опишан во овие Услови на користење.

Природен Камен – Македонија ќе ги користи сите собрани лични податоци исклучиво за целите за кои истите се дадени. Исто така, личните податоци ќе бидат чувани во рок и на начин јасно предвидени во согласност со Законот за заштита на лични податоци и сите останати применливи закони, како и сите технички и организациски мерки за безбедност. Како субјект на лични податоци, Вие имате право во секое време да побарате информација за тоа кои лични податоци ние ги поседуваме за Вас, да побарате нивна исправка доколку истите не се точни или да побарате нивно бришење. Сите информации поврзани со или кои произлегуваат од купување направено од наш клиент на нашата веб продавница се сметаат за деловна тајна и се третираат како такви во согласност со законите на Република С. Македонија.

2. Достава

Заради Специфичноста и обемноста на Стоката како и неможност да се пресмета километражата и трошоците за достава автоматски , одкако ке ги пресметаме трошоците ке бидете информирани на вашиот телефон.
По направената нарачка, ќе добиете меил за потврда на успешноста на нарачката.

 Трошокот на испорака го плаќа самиот купувач. Природен Камен – Македонија ја презема обврската за подмирување на трошокот само доколку испорача несоодветен производ во однос на боја или модел. 

3. Право на рекламација

Кога нарачаниот производ ќе Ви биде доставен, должни сте веднаш да го прегледате со цел да утврдите дали производот одговара на Вашата нарачка.

Доколку доставениот производ не одговара на нарачаниот во однос на формата, моделот, бојата или од други причини отстапува од нарачаното, тогаш Вие имате право за доставениот производ да побарате замена. Ова право на замена важи само доколку производот не бил употребуван, ако е сочуван неговиот изглед, употребни својства.

Во случај кога е доставен несоодветен производ, Ве молиме да не известите на бројот 071 353 810  или на нашата електронска адреса prirodenkamen@gmail.com и тоа во рок од 24 часа од моментот на доставувањето. Ние во најбрз можен рок ќе Ве известиме за понатомошните чекори кои треба да бидат превземени со цел да ги остварите Вашите права како потрошувач.

4.Замена на производ

Доколку е потребна замена на производот кој бил соодветно испорачан од страна на Природен Камен – Македонија, трошокот за враќање и преземање на новиот производ го презема самиот купувач. Природен Камен – Македонија ја презема обврската за подмирување на трошокот само доколку испорача несоодветен производ.

6.Промена на Политиката за приватност и Условите на користење

Природен Камен – Македонија го резервира правото во секое време и без претходна најава да може да ги промени Политиката за приватност и Условите на користење.Затоа, со цел да бидете во тек со евентуалните промени а со оглед дека тие за Вас и за нас се обврзувачки, Ве повикуваме повремено да проверувате дали таквите промени настанале.

Овие Услови на користење се толкуваат исклучиво во согласност со законите на Република С. Македонија.

7. Политики за користење на системот за електронска трговија.

Со самиот пристап на интернет страницата на Природен Камен – Македонија и при нарачка на производите/услугите, давате согласност дека ги прифаќате условите од оваа Политика за користење на системот за електронска трговија.

Природен Камен – Македонија ги задржува правата за промена на овие политики и услови во секое време, а промените ќе бидат истакнати на оваа страница.

Лични податоци се сметаат: Име, Презиме, адреса, е-маил адреса и сл. Купувачот гарантира за точноста на внесените податоци. Природен Камен – Македонија не сноси никаква одговорност доколку внесените податоци не се точни.

8. Политика и услови на доставување на производ и услуга

Производите и нивните цени ќе бидат истакнати на оваа интернет страницата. Природен Камен – Македонија настојува да обезбеди соодветни фотографии, цени и залиха на производите, но не може да гарантира дека секогаш се без грешка. Прецизноста за овие информации може да ја добиете на телефон 071 353 810 Плаќањето на производите може да биде само во готово при преземање од курирската служба.

За сите дополнителни прашања во врска со начинот на нарачка и испорака можете директно да нѐ контактирате телефонски или да поставите прашање во делот за контакт.

9. Гаранции и одговорности

Природен Камен – Македонија ја управува страницата prirodenkamen.com. Така, Природен Камен – Македонија гарантира дека содржината на оваа веб-страница, како и условите за нејзино користење, се во согласност со законската регулатива на Република С. Македонија. Од друга страна, Природен Камен – Македонија не гарантира дека содржината и користењето на услугите е во согласност со законите на други држави од кои потрошувачот би можел да пристапи до оваа веб-страница.

Доколку ја посетувате оваа веб-страница или ги користите нашите услуги надвор од територијата на Република С. Македонија, тоа го правите свесни за последиците и со оглед на тоа, Вие самите одговарате за евентуалната повреда на важечките закони на државата од каде што пристапувате на веб страната или ги користите нејзините услуги.